Чоколадото и зеленчукот се наши сојузници во борбата против деменцијата

Денес, 21.09, се одбележува Светскиот ден на Алцхајмеровата болест, па е вистински момент да ве запознаеме или барем да ве потсетима на храната за мозокот која ќе ви даде шанса да останете здрави подолго

0
162
Фото: Freepik

Дали знаете кои седум намирници можат да помогнат да се спречи деменција?

Оваа болест, која предизвикува проблеми со меморијата и другите когнитивни вештини, погодува околу 50 милиони луѓе и речиси 10 милиони нови случаи се дијагностицираат секоја година, според Светската здравствена организација (СЗО).

Најновите истражувања сугерираат дека исхраната може да биде клучен фактор за одржување на мозокот здрав и за запирање на деменцијата. Сепак, постојат само неколку студии засновани на докази кои ја поврзуваат храната со оваа болест.

Во изминатите неколку години, црвеното вино, кафето, чоколадото, па дури и шампањот, се најдоа на насловните страници како „чудотворна храна против деменција“.

Но, дали има вистина во овие тврдења?

Новинарката на Би -Би -Си, Шила Дилон, разговарала со експерти во оваа област и ги споделила нивните наоди.

Се запоставува значењето на храната која може да ви биде сојузник – и покрај фактот дека нема магични состојки, здравата исхрана во медитерански стил има најпозитивни ефекти врз вашето тело и ум.

1. Морски витамини

Високопротеинска, со малку маснотии и храна полна со омега масни киселини.

Еден или повеќе оброци од риба неделно се чини дека се значително корисни.

2. Добри бобинки

Запомнете, замрзнатите се подеднакво добри.

Јагодите и боровинките содржат разни антиоксидантни елементи за кои е докажано дека го забавуваат развојот на когнитивната дегенерација.

3. Орев, чудесен плод

Оревите и житарките можат да бидат одличен извор на енергија и совршена храна за мозокот

Се верува дека само 30 милиграми јаткасти плодови на ден помагаат во борбата против деменцијата – како и дека се одличен извор на протеини, минерали и влакна.

Истото важи и за житарките како што се овес, пченка, интегрален ориз, ‘рж и просо.

4. Јадете зелени намирници

Овие прекрасни темно зелени лисја можат да направат чуда за вашиот мозок: кељ, спанаќ, кинеска брокула, келераби … најдете она што расте во вашата околина.

Спанаќот – всушност, секој зеленчук – може да го забави когнитивното оштетување. Попај очигледно знаел една тајна.

5. Бидете здрави

Примерок од испитаници со благи когнитивни нарушувања, со земање на витамин Б, покажал охрабрувачки резултати.

6. Какао

Се смета дека какаото има невропротективно дејство – со други зборови, може да има способност да ги зачува, обнови или регенерира клетките, структурата и функцијата на нервниот систем.

Но, не претерувајте. Ако сте љубители на чоколадо, обидете се да се држите до производите што имаат високо ниво на какао, но ниско ниво на шеќер.

7. Авокадо

Авокадото – покрај тоа што е популарна здрава намирница – има и високо ниво на маснотии за кои се знае дека се здрави за мозокот.

Така, сега знаете се.

Не е особено тешко да набавите некоја од овие намирници или да пронајдете соодветна замена што расте во нашето поднебје.

И не заборавајте – овие намирници не се добри само за вашите когнитивни вештини – туку сите тие имаат огромни здравствени придобивки и генерално, а не само за мозокот.

Плус, сега знаете дека можете да јадете квалитетно чоколадо без најмало чувство на вина!

Фото: Freepik