Дали денешниот ручек може да ви помогне да го зајакнете имунолошкиот систем? Можеби, ако ја користите вистинската храна.
Одредени хранливи материи имаат директен ефект врз производството и активноста на имунолошките клетки и антитела, според Harvard Health Publishing.
Значи, како да го поддржиме нашиот имунолошки систем со храна?
Да се фокусираме на целовитата храна како овошје, зеленчук, житарки и протеини со малку маснотии. Овошјето и зеленчукот се полни со витамини, минерали и антиоксиданти кои ги поддржуваат имунолошките „војници“ на телото кои брзо се движат и се борат против туѓите напаѓачи, додека протеините помагаат во изградбата на антитела за борба против инфекциите.
Од друга страна, преработената храна, односно исхраната богата со шеќер, алкохол и црвено месо, која има малку овошје и зеленчук, може да биде штетна за имунолошкиот систем. Ова не значи дека овие намирници треба целосно да се елиминираат, но важно е да ги консумирате умерено.
Еве неколку рецепти кои ќе ви помогнат да го зајакнете имунолошкиот систем и да останете силни и здрави во текот на следните месеци.
1. Супа од морков, ѓумбир и куркума
Состојки:
1 лажица маслиново масло
1 мал жолт кромид, исечен на коцки
1/2 кг моркови, исечени на тркалца
1 лажичка ѓумбир, ситно исечкан
1 лажичка куркума во прав
1/2 лажичка сол
свежо мелен црн пипер
Приготвување:
Загрејте голем сад за супа на средна топлина, додадете маслиново масло, кромид и морков и нека вријат 5-7 минути додека не омекнат.
Потоа додадете ѓумбир и куркума и динстајте уште 1-2 минути, додека не го ослободат мирисот. Додадете вода и сол. Оставете да зоврие и динстајте, потоа намалете го огнот и динстајте 20 минути додека вкусовите не се соединат и морковите не станат навистина меки.
Ако ви остане чувајте ја супата во херметички затворен сад во фрижидер 3 дена или во замрзнувач до 3 месеци.
2. Салата од брокула
Состојки:
1 мала главица брокула, исечена на парчиња со големина на залак
1/3 шолја црвен кромид, исечен на коцки
1 шолја црвено грозје
1/4 шолја суво грозје или сува брусница
шолјичка печени ореви, сечкани
2 парчиња печена сланина, распарчена
1/2 шолја грчки јогурт со додатоци по желба
Приготвување:
За да ги потпечете оревите, распоредете ги на плех и печете 5-10 минути на 200° C, или додека не замирисаат и не потемнат. Испржете ја сланината во тава, а исто така може и малку да ја пропржите брокулата, па вкусовите ќе се соединат.
Оваа салата е исто така вкусна со семки од сончоглед, ореви или бадеми. Во голем сад измешајте брокула, кромид, грозје, суво грозје, ореви и сланина. Во мал сад изматете ги состојките за преливот. Прелијте ја смесата со брокула. Измешајте се заедно, така што се да е рамномерно покриено со преливот. Ставете во фрижидер малку да се излади.
3. Супа од краставици и јогурт
Состојки:
4 краставици излупени и исечкани
1 шолја обичен грчки јогурт
1/2 шолја урда
1/2 шолја павлака
2 чешниња лук
1 шолјичка свеж копар
1 лажичка сол
1/2 лажичка црн пипер, свежо мелен
Приготвување:
Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека супата не ја добие саканата конзистентност. Вкусете и прилагодете ги зачините доколку е потребно. Послужете ладно.
Фото: Unsplash