Одличен лек за кашлица

Летото е време кога кашлицата и ангината се многу честа појава, а овој лек е ефикасен како за акутна, така и за хронична кашлица. Освен тоа, ова е и највкусниот лек што сте го пробале досега

0
587

Ако страдате од хронична кашлица и бронхитис, тогаш пробајте ја веднаш оваа мешавина која е позната и како ајурведски лек за кашлица. Благодарение на моќните својства на медот и бананата, ќе се ослободите од болното и воспалено грло, кашлицата, па дури и од проблемите со стомакот.

Состојки:

400 мл врела вода

2 средни зрели банани

2 лажички органски мед

Приготвување:

Најпрво излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка или со лажица. Би било добро да го направите тоа со дрвен прибор за јадење, бидејќи ќе се затемнат поради металот. Потоа ставете ги бананите во сад и додадете зовриена вода. Оставете ги така  околу половина час, а кога смесата ќе се олади, додадете го медот. Важно е да го додадете последен, бидејќи ако го измешате со врела вода, ќе ги загуби своите лековити својства.

Пијте 100 мл од овој пијалак четири пати на ден. Количината на состојки од рецептот е доволна за еден ден, а наутро направете нова тура.

Првите резултати ќе ги видите многу скоро.

Фото: Pexels