Kако можете да го искористите стариот леб?

Дали знаете колку леб се фрла во ѓубре? Ние знаеме! Премногу!

0
202

Размислете за тоа дека фрлениот леб значи и фрлени пари. Следниве совети ќе ви помогнат да се ослободите од оваа лоша навика.

Замрзнете го
Можете да чувате леб во замрзнувач до три месеци. Откако ќе го извадите, премачкајте го со малку вода или масло и загрејте го во рерна или во микробранова печка. Кората ќе биде крцкава, а внатрешноста топла и мека.
Ова е идеално решение кога ви треба леб, а пекарата во близина е затворена.

Направете мусака
Стариот леб е идеален додаток на мусака со месо, печурки и зеленчук. Исечете го лебот на парчиња или коцки, прелијте го со голема чаша млеко и врз него наредете тиквички, сирење, печурки, модар патлиџан, зеленчук или месо. Прелијете со мешавина од млеко, јајца и зачини и печете во рерна околу половина час.

Додадете го во супа
Французите направија специјалитет од овој додаток. Исечете го стариот леб на коцки, исушете ги и додадете во супата наместо тестенини.

Направете трошки од леб
Домашните трошки од леб се поздрави и поевтини од купените. Стариот леб печете го во рерна додека не се стврдне целосно, а потоа здробете го рачно, со машина или во блендер.

Направете брускети
За ова јадење, стариот леб е подобар избор отколку свежиот, бидејќи ги врзува другите состојки подобро за себе. Потопете го во маслиново масло и поросете го со саканите зачини и со лук. Запечете го во рерна, а потоа ставете врз него сечкани домати, пршут, сирење, салата или некој вкусен намаз.

Фото: Pexels