Диња за здравје на очите, регулирање на притисокот, заштита од рак

Ова вкусно овошје е богато со антиоксиданти холин, зеаксантин и бета каротен, кои обезбедуваат заштита од бројни болести - од настинка до рак.

0
211

Дињата е една од оние намирници кои се заштитен знак на летото. Портокаловата боја на ова сочно овошје укажува на изобилството каротин кој е моќен антиоксидант.

Нејзиниот уникатен вкус наидува на различни мислења од оние кои уживаат во него и оние на кои им е премногу егзотичен.

Ова вкусно овошје е богато со антиоксиданти холин, зеаксантин и бета каротен, кои обезбедуваат заштита од бројни болести – од настинка до рак.

Со оглед на тоа што 90-95% од нејзиниот состав е вода, таа е идеално овошје за хидратација во топлите летни денови.

Семките кои исто така се јадат, содржат протеини, влакна и омега-3 масни киселини во форма на алфа-линоленска киселина.

1. Здравје на очите
Дињата содржи хранливи материи важни за здравјето на очите – бета каротен (од кој се ослободува витамин А), витамин Ц, лутеин и зеаксантин.

Зеаксантинот е важен каротеноид кој се апсорбира во мрежницата на окото каде делува како антиоксидант и како заштита од УВ зраци.

Неколку студии покажале дека каротеноидите го забавуваат деструктивниот процес во мрежницата и пигментот на мрежницата што доведува до макуларна дегенерација (болест на централниот дел на мрежницата, која обично се јавува кај постарите лица).

Со оглед на тоа што бројни студии покажале дека сериозниот недостаток на витамини А и Ц може да доведе до глауком и макуларна дегенерација, па дури и до слепило, дињата е одличен избор за да се спречи или забави развојот на овие нарушувања.

2. Го намалува ризикот од астма
Ризиците од развој на астма се помали кај луѓето кои консумираат поголеми количини на одредени хранливи материи.

Еден од нив е бета каротен, кој се наоѓа во жолти и портокалови плодови како дињи, тикви, моркови и зелен лиснат зеленчук како спанаќ и кељ.

Витаминот Ц е исто така важна хранлива состојка која штити од астма, помага против губење на кислород и го намалува ризикот од алергиски реакции, а дињата го содржи во големи количини.

3. Го регулира крвниот притисок
Дињата содржи влакна, калиум, витамин Ц и холин кои го поддржуваат здравјето на срцето.

Потрошувачката на храна богата со калиум помага да се регулира нивото на натриум што е важно во третманот на висок крвен притисок.

Калиумот му помага на телото да ослободи вишок натриум и со тоа го намалува високиот крвен притисок.

Исто така, калиумот е потребен за регулирање на балансот на водата, киселинско-базната рамнотежа и невромускулната функција, а исто така игра важна улога во пренесувањето електрични импулси до срцето.

Калиумот ја зачувува и густината на коските и го спречува создавањето на камења во бубрезите.

4. Штити од рак
Дињата е богат извор на антиоксиданти кои играат заштитна улога во зачувување на здравите клетки на телото од оштетување и воспаление што може да доведе до рак.

Така, многу студии заклучија дека дињата може да биде корисна во превенција од рак на дебелото црево, простата, дојка, ендометриум, бели дробови и панкреас.

Соединенија од диња кукурбитацини постојано покажувале антиканцерогена активност за време на студијата. Нивното дејство се движело од намалување на ширењето на ракот и самоуништување на клетките до целосно запирање на клеточниот циклус во клетките на ракот.

5. Го регулира варењето
Дињата е лесно сварлива храна и се препорачува да се јаде на празен стомак и пред друг оброк.

Исто така е добар избор за оние со чувствителен стомак бидејќи содржи ензими и не ја троши енергијата на телото за варење на храната.

Поради изобилството на влакна и вода, спречува запек и помага во регулирање на варењето, здравјето на дигестивниот тракт и исфрлање на токсините од цревата.

6. Има антиинфламаторно дејство
Холин е важна хранлива состојка во дињата која помага за подобар сон, учење и меморија.

Исто така е од суштинско значење за одржување на еластичноста на клеточната мембрана, пренесување на нервните импулси, искористување на масти и намалување на хроничното воспаление.

Редовното консумирање диња помага во намалување на оксидативниот стрес и со тоа ги намалува воспалителните процеси кои можат да доведат до развој на артритис.

Воспалението во телото е исто така поврзано со развојот на метаболички синдром, што означува група метаболички нарушувања.

Овие нарушувања се манифестираат како отпорност на инсулин, акумулација на масно ткиво во абдоминалната област, високо ниво на холестерол и висок крвен притисок.

Истражувањата покажале дека жените, кои консумирале 350 грама овошје дневно, имале значително помал ризик од развој на овој синдром.

Студијата вклучува диња, јаболка, грозје, лубеница и банани.

7. Ја штити кожата и косата
Редовното консумирање диња е одлично за убавината на кожата и косата.

Ова се должи на влијанието на витаминот А кој е неопходен за производство на себум кој ја навлажнува кожата и косата и е од суштинско значење за нивниот раст.

Витаминот А е неопходен за чист тен, а исто така може да помогне во заштитата од УВ зраците кои предизвикуваат побрзо стареење на кожата.

Покрај витамин А, содржи и витамин Ц важен за градење и одржување на колаген кој ѝ дава структура на кожата и косата. Затоа дињата е од голема помош против брчки и предвремено стареење.

Освен во исхраната прилог на диета, можете да ја користите директно на кожата и косата како маска или балсам.

Фото: Unsplash