Комбинацијата на слатка лубеница и солено сирење создаваат неодолив летен оброк.
Тие не се без причина совршен летен пар. Комбинирајте ги вака, можете дури и со ‘ржан леб и малку путер, или пак во салати, збогатете ги и зачинете ги со медитерански зачини. Нивните вкусови се надополнуваат, и со додавање босилек, оцет балсамико и рукола, но која комбинација и да ја одберете, тие формираат идеален летен оброк.
Кога правите салата, само исечкајте ги и ставете ги во сад со преливи по желба. Ако одлучите да направите раженчиња, наросете ги со маслиново масло, малку сол, црн пипер и потпечете ги на скара. Оставете сирењето (треба да е тврдо, можеби козјо сирење како нашето) да добие златна боја, потоа прелијте ги со оцет балсамико и поросете ги со свеж босилек.