Одлични и едноставни трикови за поубаво тесто

Ако не сте многу вешти кога станува збор за правење јадења од тесто, можеби неколку совети ќе ви помогнат да се надминете себеси и да започнете да правите печива како од пекарница.

0
213

За да нарасне тестото, неопходен е квасец. Сепак, не претерувајте, бидејќи ако ставите премногу, тестото може премногу да нарасне и да пукне. Истото важи и за прашокот за пециво.
Тестото убаво ќе нарасне и ќе има совршен вкус ако во него ставите една лажица јаболков оцет.

Неопходно е да го ставите во загреана рерна. Од моментот кога ќе ја вклучите, почекајте 10-15 минути пред да го ставите тестото да се пече.

Секако, пред да започнете да правите тесто, ставете ги состојките некое време на собна температура.

Фото: Pixabay