3 различни рецепти за сок од морков за 3 здравствени проблеми

Сокот од морков помага при разни болести и треба да го пијат и оние кои се здрави, за превенција.  Ја подобрува работата на срцето, го намалува холестеролот, одличен е во борбата против анемијата

0
214

Домашните сокови се секогаш подобар избор од купечките, особено ако имаат лековити својства. Сокот од морков помага при разни болести и треба да го пијат и оние кои се здрави, за превенција. Ја подобрува работата на срцето, го намалува холестеролот, одличен е во борбата против анемијата.

Сок од морков и цвекло за атеросклероза

Измешајте 230 мл сок од морков, 170 мл сок од цвекло и 60 мл сок од лук. Чувајте го во фрижидер. Земајте 2-3 пати на ден 1 час пред јадење по 3-4 лажици.

Сок од морков со павлака и јајце за анемија

Измешајте половина чаша свежо исцеден сок од морков и половина шолја павлака или млеко, додадете 2 свежи жолчки (се препорачуваат домашни јајца). Добро промешајте, земајте ја оваа мешавина 3 пати на ден 40 минути пред оброците.

Сок од морков со мед за зајакнување на срцевиот мускул

Измешајте 1 лажица свежо исцеден сок од морков со 1 лажичка мед, додадете 1-2 рендани семки од кајсија. Земете ја оваа мешавина еден месец, 3 пати на ден половина час пред јадење. Корисен е и за артритис и за зајакнување на срцевиот мускул.

Забелешка: Пред да користите храна за медицински цели, консултирајте се со вашиот лекар.

Фото: Pixabay