Пилешкото месо, заедно со свинското, е една од најпопуларните намирници од животинско потекло на нашиот пазар. Иако има малку калории кога се јаде без кожа, нутриционистите истакнуваат дека нема многу хранливи материи како говедското или мисиркиното, ако зборуваме за природно одгледувани животни и месо што не е „наклукано“ со адитиви.
Ако тоа не е случај, ако се снабдувате со месо од супермаркет, експертите предупредуваат на одредени делови од пилешкото каде што оваа хемија повеќе се задржува.
Првото нешто што е важно да се знае е дека живината не е имуна на инфекции типични за луѓето. Затоа советуваат дека, ако набавите месо од непроверени извори, да не земате пилешки изнутрици, во кои се акумулираат штетните „лекови“ со кои се третирало животното, како и паразити.
Најкорисно и најздраво е белото месо, но дефинитивно се препорачува добро да се третира термички со цел да се уништат сите можни патогени микроорганизми.
Најдобро е месото да се вари во две води – прво се вари пет минути, а потоа се цеди зовриената вода и се става друга во која месото ќе се вари до крај.
„Ве советувам прво да го сварите пилешкото за да не се грижите за паразитите и за големото количество антибиотици со кои е клукано“, советува рускиот готвач Сергеј Синицин.
Тој исто така препорача кога купувате месо, најпрво да го мириснете – ако почувствувате мирис на хемикалии, откажете се, бидејќи во него нема повеќе здрави состојки.
Фото: Pexels