Ретко кој ги нема видено снимките што го запалија интернет, на кој фудбалерот Кристијано Роналдо на прес-конференција поместува две шишиња Кока-Кола кои стоеја на масата пред него. Откако го премести газираниот пијалак, Роналдо го зеде шишето со вода и им рече на присутните: пијте вода!
Избегнувањето газирани пијалаци е само една од причините за одличната форма во која се наоѓа 36-годишниот Кристијано.
Не мора да бидете професионален спортист за да живеете здраво. И покрај тоа што ви е познат фактот дека газираните пијалаци не се добри за здравјето, веројатно сепак ги консумирате. Можеби овие 5 факти конечно ќе ве мотивираат да ги елиминирате од вашиот живот!
1. Создаваат масни наслаги околу органите
Газираните пијалаци се полни со шеќери кои се претвораат во масни наслаги околу органите. Исто така, тие го зголемуваат и лошиот холестерол.
2. Не постојат вистински диетални газирани пијалаци
За да може храната да биде диетална, треба да има мала калорична вредност, мала содржина на шеќер и да не биде штетна за здравјето. Ова не е случај со диеталните газирани пијалаци кои и покрај тоа што имаат помала содржина на калории, сепак можат да придонесат за зголемување на телесната тежина.
3. Некои пијалаци содржат токсични и запаливи својства
Некои газирани пијалаци содржат токсично бромирано растително масло (BVO). Иако е забрането во Европа и Јапонија, можеме да го најдеме во неколку северноамерикански производи (особено оние со вкус на цитрус).
4. Ја загадуваат водата
Нашите тела не можат да ги разградат вештачките засладувачи (нели е тоа веќе доволна причина за да ги избегнувате?) Така, тие го напуштаат нашето тело и се таложат во водата. Прочистувачите на вода не ги зафаќаат, дозволувајќи им да се влеваат во реки и езера. Швајцарски истражувачи откриле траги на вештачки засладувачи во постројките за прочистување на водата, езерата и реките. Тие се појавиле дури и во некои растенија.
5. Го забрзуваат стареењето
Трошите многу пари на производи против стареење, мултивитамини и скапи тренинзи за да го забавите стареењето, но сепак не сте се откажале од газираните пијалаци? Сега е вистинското време за тоа! Секоја голтка газиран пијалак ја намалува густината на коските, ги уништува забите и ги оштетува бубрезите.
Фото: Pixabay