Дали знаете што е кето кафе?

Станува збор за кафе со путер, пијалак што може да ви го заузди апетитот, да ја засили енергијата и да ви донесе ментална бистрина.

0
146

Можеби сте слушнале како другите уживаат во кафето со путер кое го нарекуваат и кето кафе и за потенцијалните придобивки што ги дава за вашето здравје. Тоа не е вашата просечна шолја задоволство. Тоа е омилен начин да го започнете денот ако држите кето диета. Ова кафе е пијалак што може да ви го заузди апетитот, да ја засили енергијата и да ви донесе ментална бистрина.

Некои кои следат диета со малку јаглени хидрати, палео или испрекинат пост можат да се обидат со вклучување на ова кафе во секојдневната рутина.

Енергија

Кога следите кето диета (малку јаглени хидрати, многу маснотии), вашето тело е во состојба на кетоза и ги користи кетоните како енергија. Кетоните пак ги произведува црниот дроб кога ги разградува мастите. Како резултат на тоа, кетоните се извор на енергија. Исто така, се покажало дека и кофеинот дава енергија.

Ментална јасност

Кофеинот може да помогне при ментален фокус. Некои студии покажаа дека кофеинот дури може да помогне во подобрување на вашето расположение, помагајќи им на вашите мозочни клетки да работат поефикасно и да ги подобрат перформансите. Некои поединци може да откријат дека нема подобар начин отколку кафето да биде дел од нивната утринска рутина, а овие придобивки би можеле да бидат дополнителен бонус на вашата утринска шолја кафе.

Чувство на ситост

Додека се на кетогена диета, многу лица откриваат дека се посити или имаат поголемо чувство на ситост после јадење заради зголемената количина на консумација на маснотии. Ако барате пијалак што ќе ве држи сити до ручек, ова ќе ви даде повеќе ситост од црното кафе.

Антиоксиданти

Кафето е одличен извор на антиоксиданти. Нашето тело создава слободни радикали кои ги напаѓаат нашите здрави клетки за време на секојдневните телесни функции, како што се дишењето или вежбањето. Другите помалку здрави навики како пушењето исто така можат да создадат слободни радикали.

Антиоксидантите се корисни во заштитата на нашите здрави клетки од оштетувањето на слободните радикали.

Губење на тежина

Кафето заедно со која било диетална кето храна може да ви помогне да изгубите килограми. За да останете во состојба на кетоза, маснотиите во исхраната се зголемуваат во споредба со добро избалансираната исхрана. Бидејќи вашето тело ги користи складираните масти како нов извор на гориво во споредба со гликозата, како резултат на исцрпувањето на резервите на јаглехидрати и храна.

Со кето диетата, фокусот е насочен кон зголемување на маснотиите, нездравите или здравите масти, но идеално е фокусирањето на здравите опции. Со кафето со путер, вклучувате производи што содржат маснотии кои помагаат за ситост и енергија. Кога се чувствувате задоволно, склони сте кон подобар избор на храна за остатокот од денот и да останете во соодветните големини на порциите за време на следниот оброк или закуска.

Како резултат на тоа, ова може да ви помогне да изгубите тежина.

Ако одлучите да користите кафе со путер како замена за оброк, бидете сигурни дека другите ваши оброци во текот на денот се богати со хранливи состојки, бидејќи тоа може да ви недостасува со прескокнување на редовен балансиран појадок или ручек. Потребни се повеќе истражувања за да се утврдат ефектите врз вашиот метаболизам, здравјето на цревата и дигестивниот систем, воспаленија, шеќер во крвта, инсулин, апсорпција на хранливи материи, имунолошки систем, спортски перформанси, издржливост на спортистите, телесна тежина и промени во составот на телото, заболување на црниот дроб и многу повеќе.

Фото: Pexels