Состојки:
2 белки
200-250 г ореви
150 г лешници
150 г шеќер
За декорација:
150 г шеќер во прав
1 лажица вода
1 лажица проѕирен ликер по желба
1 рака ореви
Малку сол
Приготвување:
- Помешајте ги белките со малку сол и матете ги додека не добиете цврста пена.
- Смелете ги оревите и лешниците и додадете ги кај белките, додадете и шеќер и мешајте додека не добиете тесто.
- Оставете го на кратко да отстои па расукајте го и направете облици по желба. Оставете ги да отстојат неколку часа или преку ноќ па утрото печете ги на 180 степени околу 10 до 15 минути.
- Глазурата направете ја од шеќерот во прав, вода и ликер.
- Премачкајте ги со глазурата и украсете ги со половинки ореви.