Мали трикови за правење на совршен ладен чај

Летно освежување со домашен ладен чај! Имаме неколку корисни совети за подготовка

0
186

Домашниот ладен чај е одличен избор за топлите летни денови! Подготовката е едноставна, а сè што ви треба се квалитетен чај и вода (и малку фантазија). Можете да го ароматизирате со природни билки, сокови и овошје, а подолу ви донесуваме совети и препораки кои сигурно ќе ви користат.

Користете филтрирана вода

Иако видот и квалитетот на листовите од чајот се клучни за квалитетот на ледениот чај, многу луѓе не знаат дека и водата е подеднакво важна. Видот и температурата на водата што ја користите во голема мера ќе влијаат на вкусот на вашиот чај, затоа е важно секогаш да користите филтрирана вода кога правите леден чај.

Температурата, исто така, прави забележителна разлика. Идеално е да се користи вода што е скоро зовриена (90 степени). Исто така препорачуваме загревање на водата на шпорет.

Соодносите се важни!

Важно е да користите пропорционална количина на вода и чај при подготовка на пијалакот. Добар стандард е една лажичка чај за секои 250 мл вода. Правилото на конзистентност важи и за температурата. Оставете чајот да стои 45 минути на собна температура пред да го изладите, бидејќи ненадејните промени во температурата можат да ги променат вкусовите и аромите на чајот.

Користете чај од билки и направете го двапати посилен од вообичаеното

Бидејќи ледениот чај е разреден, сигурни сме дека сакате да добиете максимална количина на вкус од вашиот чај. Препорачуваме употреба на чај од сушени билки. Чај во кесички се во ред ако брзате, но чајот сигурно нема да биде добар и вкусен како оној што е рефус.

Играјте со вкусови

Овошните чаеви се одличен избор. Но, ако сте љубител на црн или зелен чај, добрата вест е дека и тие се одличен избор. Кога станува збор за домашен ладен чај, слободно експериментирајте со вкусови и ароми; испробајте различни вкусови; никогаш не знаете што ќе ви се допадне!

Засладете го чајот со сок или лимонада

Во ладен чај обично додаваме шеќер или мед, кој се става во топол чај за побрзо да се растопи. Одлична алтернатива на шеќерот е да додадете овошен сок или лимонада. На пример, сокот од калинка може да обезбеди дополнителна сладост и живописна боја на вашиот леден чај.

Додадете свежо овошје

Има толку многу работи што можете да ги додадете во чајот (освен сок и шеќер). Откако ќе се свари чајот, оставете го да се олади на собна температура, а потоа додадете го овошјето. Лубеницата е одличен избор бидејќи додава сладост, а исто така и изгледа убаво. Кајсиите и смоквите се исто така одличен избор. Портокалите и лимоните се веќе докажан добар додаток на чај.

Ароматични билки за уште подобар вкус!

Ако вашиот ладен пијалак е ароматичен, сигурни сме дека нема да посегнете по дополнителен шеќер. Покрај овошјето, различните билки можат да му додадат многу арома и вкус на ледениот чај. Лавандата и нането се наш прв избор, а и рузмаринот може да му даде интересна арома на ледениот чај.

Фото: Pexels