Ако сте несреќни и имате проблем со притисокот, јадете по 3 киви на ден

0
860

 

Кивото е овошје кое содржи многу витамини и минерали, но и магнезиум и калиум, а она по што е најинтересно е учеството на серотонин кој често се нарекува и хормон на среќа затоа што влијае врз расположението, а го подобрува и помнењето и го регулира апетитот.

Едно средно големо киви тежи околу 70 грама, а може да задоволи 80% од дневните потреби за витамин Ц. Поради присуството на серотонин во кивито, тоа влијае врз расположението но и врз квалитетот на сонот. Според истражувањата спроведени во 2011 година, испитаниците кои во текот на 4 недели еден час пред спиење јаделе по две киви, спиеле подобро.

Оваа овошка делува благотворно и врз кожата на лицето, и освен што е вистински рудник на минерали и витамини, богата е и со антиоксиданс лутеин чие благотворно делување врз крвниот притисок било тема на истражување на научниците од Универзитетот во Осло. Калиумот исто така игра важна улога во регулирањето на крвниот притисок заради што на оние кои имаат проблем со висок крвен притисок им се препорачува да јадат по три киви на ден.