Зошто сакаме мафини?

Обично се прават брзо, а најдобро е тоа што може да бидат и комплетен оброк спакуван во еден мафин. Направете го од здрави состојки па ќе добиете и здрав појадок

0
97

Овие мафини се направени од три вида брашно, и тоа, од секое по малку, вкупно една шолја.

Наместо обично ставивме маслиново масло (помас), а калапите ги подмачкавме со путер. Ставивме и рендана тиквичка, младо кромитче, малку црвен пипер, сол, кисела вода, младо сирење и семки.

Се јадат со ништо, бидејќи во нив има сè.

За 12 мафини ви требаат:

2 јајца

1 шолја брашно (ние ставивме малку бело брашно, пченкарно и овесно)

1 прашок за печиво

50 мл маслиново масло

50 мл кисела вода

малку путер за подмачкување на калапите

пола рендана тиквичка

150 г младо сирење или урда

исечкано младо кромитче заедно со зелените перки

сол, црвен пипер

семки од сончоглед

сусам за поросување (бел и црн)

Приготвување:

Ги мешате јајцата, додавате сè друго, масло, кисела вода, брашно, семки, зачини, а тиквичката, кромитчето и сирењето се ставаат на крајот.

Мешате се заедно и распоредувате во калапите. Поросувате со сусам.

Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 25 – 30 минути.