Состојки:
2-3 моркови
300-400 г прокељ
4-5 колбаси
сол, бибер, маслиново масло
Приготвување:
- Излупете ги морковите и исечете ги на тркалца.
- Измијте го прокељот и извадете ги надворешните ливчиња и засечете на дното.
- Ставете го зеленчукот во тепсија и прелијте го со маслиново масло и зачинете по вкус. Одозгора ставете ги колбасите исечени на парченца.
- Ставете ја тепсијата во загреана рерна на 200 степени и печете најмногу 15 минути.