Состојки за кондензирано млеко:
100 грама млеко во прав
50 грама шеќер во прав
1 лажица путер
65 мл топла вода
Приготвување:
1. Се топи путерот во микробранова печка или на шпорет.
2. Во блендер измешајте го стопениот путер, топла вода, шеќер во прав и млеко во прав.
3. Мешајте кратко додека не добиете компактна смеса. Чувајте го во фрижидер.
Погледнете го видеото за да видите како може да се направи кондензирано млеко за само неколку минути.
Фото: Freepik