Дознајте како да утврдите дали месото што го купивте е свежо?

Квалитетното месо треба да има малку интрамускулна маст, а тоа може да се забележи по белите ленти кои личат на вени со кои е месото прошарано.

0
207

Месото пристигнува во продавниците во различни форми и не е секогаш лесно да се препознае кое е свежо и квалитетно, особено ако е мелено. Најдобро е да се купува домашно, но тоа не е секогаш можно.

Иако многу луѓе мислат дека не е здраво, маснотиите му даваат на месото многу од неговата арома, велат од германскиот земјоделски центар. Квалитетното месо треба да има малку интрамускулна маст, а тоа може да се забележи по белите ленти кои личат на вени со кои е месото прошарано.

Освен тоа, ако купувате спакувано месо, во него не смее да има вода. Погледнете го месото пред да го купите, не ви требаат повеќе од пет секунди за тоа.

Ако месото лежи во крвава вода, тоа значи дека е старо.

Боја

Идеалната боја зависи од месото за кое станува збор. Телешкото треба да биде светло, но не и бело, исто како и месото од живина. Говедското месо треба да биде средно црвено, но не премногу темно. Свинското месо е идеално бледо розово. Треба да ги избегнувате сите сивкави нијанси на месо.

Цврстина

Постои и друг начин лесно да проверите дали спакуваното месо е сè уште свежо. Ако се притисне со прст, тоа мора брзо да се врати во првобитната состојба и не смее да остане вдлабнување, а површината на месото мора да свети.

Фото: Pixabay