Како после да не го сакаме летото?
Има толку многу свежи намирници со кои можеме да ги направиме наједноставните и највкусни јадења. Од свежи салати, па до летна манџа и пиперки полнети со смеса од урда и јајца. Ние додадовме и малку пармезан и ноктец и од страв дека нема да ни стасаат, направивме цело брдо.
Ама вкусни се и ладни.
Кое е вашето омилено летно јадење?