Киш лорен со сланина

Овој рецепт е само една варијанта за Киш лорен. Се разбира дека можете да го направите и со сосема друг фил по ваш вкус

0
565

Состојки:

1 тесто за кое рецептот ќе го најдете тука.

200 г сланина

3 јајца

Павлака

Пола шолја млеко

Сол, бибер, морско оревче

Приготвување:

  1. Рецептот за тестото ќе го најдете тука.
  2. Кога ќе го ставите во калапот, оставете го на половина час во фрижидер и за тоа време пригответе го филот.
  3. Исечете ја сланината на мали парчиња и ставете ја во тава на тивок оган околу 5 минути. Помешајте ги јајцата со павлаката и млекото и додадете ги зачините.
  4. Извадете го тестото од фрижидерот, ставете ја сланината а одозгора и смесата од јајца и павлака.
  5. Печете околу 45-50 минути на 180 C.