Дали консумирањето алкохол ги влошува вашите сезонски алергии?

Сезоната на алергии на амброзија и липа се во полн ек, и додека откривате начини на кои можете да си помогнете себе си, ве советуваме да го елиминирате она што би можело да ви одмогне.

0
95
Фото: Unsplash

Актуелната сезона на амброзии, липи и други алергени влезе на голема врата и ако имате проблеми со нив и барате начини да си помогнете, не би било лошо да знаете и што ќе ви одмогне. Се шпекулира дека вашата омилена чаша вино доаѓа со одредени несакани ефекти за алергиите. Како молам?!

Имено, алкохолот содржи хистамин, хемиско соединение што може да предизвика воспаление и алергиски реакции. Овие соединенија се јавуваат природно во различна количина во скоро сите намирници, но се почести кај ферментираната храна (како што е алкохолот) бидејќи содржината на хистамин во храната се зголемува со текот на времето. Редовната консумација на храна богата со хистамини може да ги влоши сите основни алергии со зголемување на воспалението во телото. Покрај тоа, алкохолот го блокира производството на диамин оксидаза (DAO), ензим во вашето тело што помага во разградување на хистаминот.

Освен хистаминот, експертите велат дека многу природни својства на алкохолот можат да ги влошат симптомите на алергија. „Алкохолот исто така може да предизвика раст и пад на крвниот притисок со стегање и проширување на крвните садови, што може да ги влоши алергиските реакции“, вели др. Парих, алерголог. Алкохолот е исто така диуретик, што значи дека ја зголемува количината на вода што ја исфрлате од вашето тело, а дехидрираноста ги влошува симптомите на алергија.

Специфични облици на алкохол се озлогласени непријатели за луѓето со алергии. „Некои видови алкохол, како што е виното, може да содржат сулфити кои можат да ги влошат симптомите на алергија“, вели др. Парих. Иако тие се само природни нус-производи на ферментација на вино, некои луѓе се чувствителни на нив и при консумирањето имаат симптоми како што се сезонски алергии.

Алкохол со висок процент на шеќер

Слично на тоа, д-р. Парих вели дека алкохолот со висок процент на шеќер може да ги влоши симптомите на алергија. Високата содржина на шеќер не е ограничена само на мешани пијалаци – виното може да содржи и повеќе шеќер отколку што можете да очекувате. Шеќерот се додава во виното за да содржи повеќе алкохол и да има сладок вкус. Шеќерот е она што во текот на процесот на ферментација се претвора во алкохол. Некои масовно произведени црвени вина можат да содржат дури 12 грама преостанат шеќер – шеќер што не ферментира во алкохол – на литар.

Накусо: да, алкохолот може да ги влоши вашите алергии. Но, тоа не значи дека треба целосно да го елиминирате – сè додека го консумирате во умерени количини. Исто така, чистиот алкохол како вотката има помалку алергени од другите опции, како што е виното. Ако одлучите да пиете вино, би било поумно да се свртите кон бело вино, и секогаш да пиете и вода, бидејќи може да помогне во регулирање на нивото на хистамин. Покрај тоа, како што веќе споменавме, дехидратацијата исто така може да влијае на вашите алергии. Се разбира, за најдобри резултати најдобро би било да не консумирате алкохол воопшто или во многу мали количини.

Фото: Unsplash