Со маринирани тиквички во фрижидер на дофат на раката, ќе имате совршен прилог за риба или месо, додаток во која било салата или одлично предјадење.
Освежителни, мирисливи и малку зачинети, маринираните тиквички убаво ги подигнуваат вкусовите во креативните сендвичи. Најдобро од сè, подготовката не е комплицирана и не одзема многу време.
Италијанците обожаваат маринирани тиквички, и тие често пред да ги стават во мешавина од масло, оцет и зачински билки, ги потпекуваат на грил тава, а исто така се одлични и сурови – најдобро е да се исечат на што потенки парчиња.
Состојки за маринирани тиквички:
3 средни тиквички
2 лажички сол
300 мл оцет
250 мл маслиново масло
5 чешниња лук
2 лажички оригано
2 лажички сушен магдонос
1 лажичка чили или црвен пипер
Приготвување:
- Излупете тиквички и исечете ги што е можно потенко, посолете ги и оставете ги на половина час.
- Во лонче измешајте маслиново масло, излупени, цели чешниња лук, преостанатата сол, оригано, магдонос и чили. Загрејте ја мешавината на тивок оган, но не оставајте да зоврие. Оставете ја на оган неколку минути, а потоа извадете го лукот и оставете го настрана.
- Исцедете ги тиквичките од вишокот вода, наредете ги парчињата во тегла и нежно притиснете ги со лажица. Прелијте ги со маринадата и ставете по едно чешне лук во секоја тегла. Теглите ставете ги во фрижидер и оставете ги преку ноќ. Тиквичките потрошете ги во рок од една недела.
Фото: Unsplash