Куглоф од рогач и јаболки

Вистински зимски колач заради богатите вкусови на рогач, јаболки и се разбира, црно чоколадо

0
383

Состојки:

4 јајца

1 шолја кафеав шеќер (може да се стави и кокосов шеќер или пак најобичен бел шеќер)

1 шолја мелен рогач

1,5 шолја брашно

1 шолја кокосово масло, растопено

1 лажичка екстракт од ванила

1 лажица какао

1 прашок за пециво

Малку сол

5 излупени и рендани јаболка

За прелив:

200 г црно чоколадо

2 лажици путер

Мерката е 1 шолја од 250 мл

Приготвување: 

  1. Загрејте ја рерната на 180 C. Пригответе го калапот за куглоф, односно, намрсете го и ставете брашно или презли (ова не е потребно ако користите силиконски калап)
  2. Излупете ги и изрендајте ги јаболката
  3. Во сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, мелениот рогач, какаото и солта. Во друг сад измешајте ги јајцата со шеќерот, додадете ја ванилата, растопеното масло.
  4. Додадете ја сувата смеса и ренданите јаболка, измешајте се убаво и истурете ја смесата во калапот за куглоф.
  5. Печете 50-55 минути.
  6. Оставете да се олади и превртете го калапот врз чинија па прелијте со растопеното чоколадо.