Ако досега сте се мачеле и сте трошеле премногу време чекајќи да се одмрзне замрзнатата риба или за да го исечкате говедското месо на коцки, ви откриваме трикови што ќе ви заштедат време и нерви.
1) Не ја одмрзнувајте рибата
Динстувајте, печете или пржете неодмрзната риба. Времето за подготвување ќе се зголеми за неколку минути и нема да чекате долго за да се одмрзне.
Покрај тоа, кога рибата се топи, нејзините сокови се мешаат со сосот од тавата што му дава на јадењето поубав вкус.
2) Замрзнете го говедското месо само за момент
Најголемиот проблем со говедското месо е како да го исечкаме додека е свежо ако правиме јадење со говедско месо на коцки.
Еве го решението: ставете го во замрзнувач 20 минути додека подготвувате сè друго за јадењето, а потоа лесно исечете го месото на правилни коцки, бидејќи на тој начин полесно ќе се исече полузамрзнато.
3) Не ја загревајте однапред само рерната
Кога однапред ја загревате рерната, не ја загревајте само неа, туку и садот во кој храната ќе се третира термички за да се загрее заедно со рерната.
Не е важно што спремате, секогаш правете го тоа. На тој начин храната ќе биде побрзо готова.
Фото: Freepik