Крцкави медалјони од наут  

Наместо пилешки, направете ги овие одлични крцкави медалјони од наут и освен што треба да се прдидржувате до основниот рецепт, се друго е работа на вашиот вкус. Додадете им зачини или можеби и некој друг зеленчук како рендани моркови, кромид или целер. Послужете ги со некој добар сос, или искористете го зеленчукот како додаток.

0
439

 

Состојки:

5 лажици презли

5 лажици овесни снегулки

1 конзерва наут

  • лажичка сол

Ким

Лук во прав

Бибер

Приготвување:

  1. Овесните снегулки ставете ги во блендер и откако ќе се иситнат оставете ги настрана.
  2. Ставете во блендерот наут, две лажици од течноста од наутот и зачини.
  3. Уште две лажици од течноста од наутот помешајте со половина од иситнетите овесни снегулки.
  4. Мешајте додека во блендерот не се обликува топка и постепено додавајте го и остатокот од овесните снегулки.
  5. Извадете од блендерот, обликувајте мали топчиња, валкајте ги во презли и печете ги во рерна околу 20 минути на 180 степени.