За цвеклото се вели дека може да ги поправи повеќето работи во нашиот организам што не функционираат како што треба. Неговата убава црвена боја потекнува од проантоцијанидинот, борец против малигни заболувања.
Одлично за срцето
Исто така, содржи бетаин, кој е природно антиинфламаторно средство. Заедно со некои други помагачи (на пр. витамини од групата Б), ја поддржува добрата состојба на нашиот кардиоваскуларен систем. Од витамини содржи: Б1, Б2, Б12 (ретко се среќава во растителниот свет), Ц. Од минерали застапени се: калиум, магнезиум, фосфор, бакар, јод. Има многу железо, па е чест природен лек за анемија.
Го чист организмот
Благодарение на антиоксидансите и бетаинот има ефект на детоксикација, бидејќи го поттикнува излачувањето на штетни материи од организмот. Целулозата и пектинот се добри активатори на цревната перисталтика. Цвеклото спречува заболување на црниот дроб, особено замастен црн дроб. Важен е за спортистите, бидејќи ја подобрува издржливоста за време на тренингот поради високата содржина на нитрити, кои се важни за оксидативните процеси за време на вежбањето. Исто така, го забрзува закрепнувањето по тренинг.
Уште еднаш – Одлично е за срцето!
Го стимулира метаболизмот во телото, придонесува за регулирање на крвниот притисок, го намалува холестеролот, ги одржува крвните садови во добра состојба и ја стимулира функцијата на црниот дроб. Ги забавува процесите на атеросклероза и стареење. Добро е за деминерализација на коските и забите. Може да се готви, да се пече, да се направи сок, но ни дава најмногу кога го консумираме свежо.
И повеќе…
Ако купувате свежо цвекло и го фрлате зелениот дел, време е да ја смените навиката. Сварените лисја заслужуваат место на трпезата поради неверојатната содржина на 644 мг калиум во само половина чаша. Бројни студии покажале дека со зголемувањето на внесот на храна богата со калиум и намалувањето на употребата на сол може да се намали ризикот од мозочен удар за 21 процент, како и шансите за срцеви заболувања.
Фото: Pixabay