Ако сте по јагнешкото, тогаш задолжително направете го со прилог од јогуртли тава. Ако пак не сте воопшто по месото, пробајте го оризот направен на овој начин, секако, без месо. Повкусен е од оној подготвен на вообичаениот начин.
Само нека биде добро запечен.
Ако го правите со вкус на јагнешко, односно, во тавата во која претходно се пече јагнешкото месо, тогаш прво го посолувате месото, го прелевате со масло и рузмарин и го ставате да се пече под фолија. Пред крајот ја тргате фолијата за да се запече убаво и кога ќе биде готово, го вадите месото и во истата тава, во маснотијата што ја пуштило, го подготвувате оризот.
Ако не сакате ниту месо, ниту пак мирис на месо, тогаш скокнете го овој чекор.
Ставете во тавата 1 шолја ориз (или ако правите за повеќе луѓе, прилагодете ја количината), посолете и прво малку пропржете го на рингла, а потоа додадете 2 шолји вода и ставете го во загрена рерна. Кога ќе биде полусварен, му додавате 4 изматени јајце и едно канче кисело млеко, додадете рузмарин и оставете го убаво да се потпече.