Состојки:
2 јајца
6 лажици брашно од овесни снегулки
6 лажици хељдино брашно
6 лажици ‘ржано брашно (ние ставивме обично бело)
2 лажици сончогледово семе
2 лажици мелено ленено семе
1 лажица мак
1 лажица црно семе
3 лажички прашок за печиво
1 лажиче сол
5 лажици маслиново масло
400 мл кисела вода
по вкус малку сирење, пармезан
За поросување: сусам, ким
Приготвување:
Измешајте ги сите состојки, полека мешајќи со лажица. Оставете ја смесата да постои 5-6 минути. Потоа подмачкајте ги калапите за мафини со путер и наполнете ги со смесата. Поросете ги со сусам (со црн и со бел) или со ким.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути.