Кога да се јаде овошје – на празен стомак или после јадење?

Нема апсолутно никакви докази дека јадењето овошје после оброк може да биде штетно за вашето здравје, такашто можете да го јадете секогаш кога ќе посакате.

0
404

Порано беше вообичаено после ручек да се земе некое овошје и домаќинките секогаш по завршувањето на главниот оброк вадеа на маса банани, портокали, јаболка, грозје… Потоа на дневен ред стасаа нови совети – после јадење да не се консумира овошје. Меѓутоа, нема апсолутно никакви докази дека јадењето овошје после оброк може да биде штетно за вашето здравје, такашто можете да го јадете секогаш кога ќе посакате.

Нутриционистите тврдат дека овошјето, како и зеленчукот, треба да бидат најмалку половина од дневниот внес на храна. Сепак, повеќето не се придржуваат до ова златно правило, а светот и натаму се прашува дали треба да се јаде овошје пред или после оброк.

Поновите тврдења велат дека постојат и одредени временски ограничувања за внесување на оваа храна богата со витамини и дека овошјето треба да се избегнува навечер.

Секој организам функционира индивидуално и има свои потреби. Значи, треба да ги следите ритамот и потребите на сопственото тело. На пример, ако на вашето тело не му пречи, можете да јадете лимон на празен стомак, а ако ви прави киселини, секако дека нема да го јадете.

Некои тврдења сугерираат дека овошјето изедено после оброк лошо влијае на варењето на храната што претходно сме ја јаделе, што повторно не е докажано.

Со најновите нутриционистички тврдења се нагласува дека овошјето се јаде на празен стомак затоа што е богато со растителни влакна, па затоа ја одржува ситоста, и логично е да јадете помалку храна доколку претходно сте консумирале овошје.

Заклучокот е дека нема апсолутно никакви докази дека јадењето овошје после оброк може да биде штетно за вашето здравје, па затоа можете да го јадете секогаш кога ќе посакате.

Фото: Pexels