Со чај од шипки против висок притисок

Стариот добар чај од шипка крие големи придобивки за вашето здравје! Тој е еден од најстарите познати растителни видови за исхрана, но и за лекување и зачувување на здравјето.

0
187

Ако не знаевте досега, има најмалку пет причини поради кои треба да почнете да пиете чај од шипки во иднина.

Тој е еден од највкусните чаеви кои во голема мера ќе помогнат во ублажување на следниве здравствени проблеми и тегоби:

1. Чајот од шипки е извор на витамин Ц и ликопен, моќен антиоксиданс кој помага во борбата против холестеролот.

2. Го намалува крвниот притисок: Оние кои имаат проблем со хипертензија треба да вклучат во својата дневна рутина пиење по 3 шолји чај од шипки.

3. Ублажува разни воспалителни процеси: Чајот од шипка е одличен додаток за лекување на болести како што е остеоартритисот. Ја ублажува болката и вкочанетоста, ја олеснува подвижноста, а експертите велат дека помага во обновување на ‘рскавицата.

4. Лечи стомачни тегоби: Се користи за цела низа проблеми како грчеви, недостаток на желудочна киселина, иритација и чиреви на желудник. Исто така, го олеснува варењето на храната и добро е да се пие и кај диареја и кај запек.

5. Ја подобрува работата на црниот дроб и жолчката: Поволно делува на проблеми со камења и песок во жолчката. Се користи за детоксикација на црниот дроб.

Фото: Freepik