Дали знаете како да се подготви оризот за да се отстрани арсенот?

Истражувањето на европскиот пазар открива дека дури 58% од производите со ориз содржат високо ниво на арсен, па затоа се препорачува оризот претходно да се натопи во вода и да се исплакне пред варењето за да се намали веројатноста од штетните ефекти врз здравјето.

0
358

Еден од најчестите начини на готвење ориз е исто така и најопасен и го зголемува ризикот од здравствени проблеми. Ова го тврдат експертите и откриваат кој ориз и кој начин на готвење е всушност здрав.

Арсен во оризот

Милиони луѓе секојдневно го ризикуваат своето здравје со неправилно готвење на оризот, особено ако таа намирница често е на нивната трпеза, предупредуваат научниците. Неодамнешното истражување покажало дека честиот метод за готвење на оризот, во сад со зовриена вода додека таа не испари, ги изложува оние што го јадат на траги од отровен арсен.

Тој го контаминира оризот за време на одгледувањето, а резултат е на индустриски токсини и пестициди. Арсенот, па дури и во траги, се поврзува со зголемен ризик од срцеви заболувања, дијабетес и рак, како и проблеми во развојот и е најопасен за децата, предупредува Енди Мехарг, професор по биолошки науки на универзитетот Белфаст.

Најздравиот начин на готвење на оризот

Тој тестирал различни начини на готвење ориз за да открие кој е најздрав меѓу нив. Во првиот метод, тој ставил една чаша ориз и две чаши вода и водата испарила за време на готвењето. Открил дека овој метод остава најмногу арсен во оризот.

Во вториот метод, тој ставил една чаша ориз и пет чаши вода, и го исфрлил вишокот вода, а нивото на арсен било преполовено. Во третиот метод, оризот се готвел со натопување преку ноќ, се плакнел наутро додека не се исчисти водата и потоа се готвел, со што процентот на токсини се намалил за 80%.

Бидете внимателни со производите од ориз

Истражувањето на европскиот пазар открива дека дури 58% од производите со ориз содржат високо ниво на арсен, па затоа се препорачува оризот претходно да се натопи во вода и да се исплакне пред варењето за да се намали веројатноста од штетните ефекти врз здравјето.

Дали оризот е здрав или не?

Оваа намирница со години е предмет на полемики. Додека за половина од човештвото е главна намирница, други ја прогласуваат за „прехранбена измама“ затоа што е полна со јаглехидрати и придонесува за зголемување на телесната тежина.

Која е вистината?

Сè се сведува на тоа каков вид ориз јадете, објаснуваат нутриционистите.
Белиот ориз се смета за „нутриционистички лош“ затоа што се добива со лупење на обвивката на зрното, поради што неговата хранлива вредност е помала. Во процесот на мелење, се отстрануваат триците, што им го одзема витаминот Б, железото и растителните влакна. Иако дополнително се збогатува со железо и витамини од групата Б, влакната за жал не можат да се вратат во него.
Кафеавиот ориз е ист како белиот, но сепак е „целозрнеста житарка“ затоа што ѝ е отстранета само надворешната нејадлива обвивка и е подобар извор на влакна, витамин Е и антиоксиданти. Така, една чаша варен кафеав ориз содржи околу 3,5 грама влакна, а истата количина бел ориз содржи помалку од 1 грам. Покрај тоа, студиите покажуваат дека дел од оризовите зрна, познат како субалеуронски слој, може да обезбеди заштита од висок крвен притисок и атеросклероза, а го има само во кафеавиот ориз. Исто така, докажано е дека со промена на белиот во кафеав ориз, луѓето го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2.
Според димензиите, оризот обично се дели на три групи, а големината на зрната нема никакво влијание врз хранливата вредност
Долгозрнестиот ориз е 3 до 5 пати подолг од широкиот. Поради амилозата во зрната, при готвењето не се лепи и создава растресита структура, па затоа е погодна за салати и пржени јадења со ориз.
Оризот со зрна со средна должина е приближно двојно подолг од неговата ширина и содржи еднакви количини на амилоза и амилопектин. При варењето, зрната се сепак склони кон залепување.
Оризот со кратко зрно има повеќе амилопектин, такашто зрната се здепасти, тркалезни и лепливи. Таквиот ориз е погоден за рижото, суши и десерти на база на ориз.

Фото: Pixabay