Храната што содржи глутен предизвикува многу проблеми кај луѓето кои се чувствителни или алергични на него.
Некои од симптомите на интолеранција се: мигрена, хроничен замор, болки во зглобовите, дигестивни проблеми.
Доколку сте и вие меѓу оние кои не поднесуваат глутен, ви предлагаме некои намирници што не го содржат.
Ќе можете слободно да ги консумирате доколку имате интолеранција на глутен и со нив ќе можете да подготвувате безглутенска храна.
За луѓето кои се интолерантни на глутен, единственото решение е безглутенската исхрана.
Еве кои житарки можете да ги консумирате ако сте интолерантни на глутен.
Просо
Просото е намирница која не е многу популарна. Наспроти тоа, таа е исклучително хранлива, лесно сварлива, прилично евтина и полна со витамини од групата Б и калиум.
Просото исто така може да ја регулира pH вредноста на вашето тело и ви овозможува да ја одржувате базната рамнотежа на организмот.
Пченка
Пченката, како и пченкарното брашно се богат извор на влакна, витамин Ц и витамин А.
Ако сте интолерантни, палентата е вистинскиот избор.
Белешка: Побарајте природно одгледувана пченка, а не ГМО пченка.
Овес
Овесните снегулки се совршен и едноставен појадок за многу луѓе.
Овесните снегулки се богати со влакна и протеини и по природа не содржат глутен (иако е можно во текот на обработка да се ‘глутенизираат’.
Побарајте производи на чија декларација пишува дека не содржат глутен.
Шеќерна трска
Шеќерната трска е малку позната житарка без глутен.
Не е толку популарна, па многу луѓе не се ни свесни дека може да се консумира како житарка.
Брашното од шеќерна трска е одлична намирница за подготовка на разни пекарски производи без глутен.
Фото: Pixabay