Неодамна кога ми спомнаа за некаква диета со џин, се изнасмеав, си реков, добра финта, особено сега, во пресрет на потоплите денови кога навечер пред спиење одлично ‘легнува’ еден џин-тоник. Ама потоа гледам во одделни медиуми се појави информација дека џинот бил прогласен за најздрав алкохолен пијалок во светот. Сепак, да не претеруваме. Свесни сме за штетните ефекти на алкохолот врз организмот, па не го земајте ова како оправдание секој ден да пиете.
А на една чаша џин – тоник понекогаш е едноставно невозможно да ѝ се одолее. Гореспоменатите информации можат само да ви помогнат да имате помалку грижа на совест. Сепак, треба да се консумира умерено!
Клучот е во умереноста. Имено, пиењето џин навистина може да има придобивки за вашиот организам. Оние кои забележуваат дека џинот може да помогне при слабеење се во право. Причината за ова е тоа што џинот е еден од најмалку калоричните алкохолни пијалоци. Оваа информација се однесува на самиот џин, па затоа е многу важно да се проверат вредностите на другите компоненти со кои се меша.
„Џинот содржи само траги од шеќер, што го прави одличен избор ако вашата цел е одржување на телесната тежина, особено ако внимателно ги избирате додатоците“, истакнала нутриционистката Џеки Линч за порталот GoodToKnow.
Умереното пиење џин исто така може да биде од голема корист за постигнување на подобро варење. Исто така, содржи бобинки од смрека, кои се сметаат за природен диуретик. Ако страдате од надуеност по конзумирањето пиво или вино, вистинско време е да преминете на џин. Понатаму, билките што се користат при неговото производство влијаат на зголемување на дигестивните сокови потребни за храната во вашиот желудник навистина да се свари.
Бобинките исто така имаат изразени и силни антиоксидантни својства и помагаат во забавување на стареењето на кожата и за санацијата на ситните брчки. Благодарение на високиот процент на антиоксиданси, успешно ќе го намали нивото на слободни радикали кои предизвикуваат сериозно оштетување на кожата. Исто така, ќе стимулира регенерација на кожата, што доведува до намалување на видливоста на лузните и ублажување на акните и мозолките.
Од умерената консумација на џин ќе имаат корист и вашите коски. Џинот успешно ја ублажува болката во колената и зглобовите, а исто така се верува и дека може да биде од помош за ублажување на хронични болки и воспаленија, како што е артритисот. Ако ве фати костоболка, можете да пробате еден рецепт од кујната на баба, познат и како народен лек против артритис – суво грозје натопено во џин.
Фото: Pixabay