Проверете кои здравствени проблеми ги решава зелениот дел од младиот кромид, и тоа многу брзо.
1. Воспаление на грлото
Исечкајте го зелениот дел од кромидот, додадете малку изрендан ѓумбир и сол и ставете го сето тоа во платнена кесичка или во крпа и загрејте го. Топлиот облог завиткајте го во уште една крпа или пешкир и ставете го на воспаленото место.
2. Отечени нозе
Зелениот дел од младиот кромид варете го неколку минути. Измешајте го со блендер (додадете многу малку вода ако е потребно) додека смесата не се претвори во паста. Нанесете ја оваа паста на отечените делови на нозете.
3. Одзатнување на носот
Згмечете малку од зелениот дел од младиот кромид и со неговиот сок натопете парче вата или два туфери. Нанесете таков влажен облог на областа на носот и синусите. Кромидот ќе ја активира слузницата и ќе ги одзатне дишните канали.
Фото: Pixabay