Според ајурведата (Ајурведа е систем на традиционална медицина што потекнува од Индија, а се практикува и во другите делови од светот како форма на алтернативна медицина), постојат едноставни начини за поддршка на природните системи за детоксикација на организмот и поттикнување на секојдневно елиминирање на токсините.
Всушност, малите, здрави навики што ги користите секој ден можат да бидат уште поефикасни и помоќни со текот на времето отколку да користите јаки средства за детоксикација и прочистување во краток период.
Затоа обидете се да ја вметнете оваа лесна алкална вода од ѓумбир и лимон во вашата рутина во текот на еден месец. Ќе забележите дека започнува да делува веднаш. Таа е комбинација од три клучни состојки кои делуваат заедно за да го поддржат природното чистење на цревата/дигестијата. Овие состојки го подобруваат варењето кое е важно за подобрување на вашето здравје.
Состојки:
1/2 шолја свеж сок од лимон
свеж ѓумбир (исечете на тркалца едно парче од околу 4-5 цм)
½ лажичка хималајска сол и кардамом
1 литар вода.
Приготвување:
Исцедете ½ шолја сок од свеж лимон во садот со вода. Додадете го исечениот свеж ѓумбир во водата со лимон. Додадете ½ лажичка хималајска сол и кардамом, а потоа измешајте.
Чувајте го на собна температура за да отстои преку ноќ. Пијте ја оваа алкална вода со ѓумбир, лимон и кардамом следниот ден. Најдобар начин вистински да ги исчистите цревата е да ја пиете половина час пред секој оброк.
Фото: Pixabay