Состојки:
2 јајца
1/2 шолја масло
2 шолји јогурт
1 ипол шолја пченкарно брашно
1 шолја бело брашно
1 прашок за пециво
1 лажичка сол
150 г урда
коприва – колку што имавме
зелени перки од младо кромитче по вкус
Приготвување:
Како прво, потребно е да се попари копривата и да се остави да врие 5 минути. Потоа треба добро да се исцеди и да се исечка. Се сечкаат и перките од кромитчето.
Во поголем сад изматете ги јајцата, па додадете масло, јогурт, сол и урда и измешајте сè добро. Во смесата додадете го брашното со прашокот за пециво и сè добро измешајте. На крај додадете ги копривите и младото кромитче.
Пополнете ги калапите за мафини кои претходно сте ги намачкале со масло и печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.