Не е секој лек горчлив, а овој руски еликсир е вистинска бомба

Најдоброто што можете да го направите за себе е да го зајакнете својот имунитет и општата состојба на организмот, а има ли нешто подобро од оваа комбинација: мед, ореви, суво грозје, моркови, цвекло и лимон.

0
416

Првиот индикатор дека нешто не е во ред во нашето тело е крвната слика. Ниските нивоа на хемоглобин и анемија го спречуваат нашиот имунитет да се бори против вируси и инфекции.

Постојат бројни природни решенија кои ќе ја зајакнат нашата крвна слика и имунитет, особено во сегашната ситуација.

Овој руски еликсир се смета за витаминска бомба и е исклучително добар и докажан лек за зголемување на хемоглобинот, зголемување на нивото на крвни клетки и подобрување на општата слика на крвта.

Секако, можете да го користите и ако вашата крвна слика е добра со оглед на сите состојки што ги има, а се одлични за организмот.

Може да се користи колку што сакате, и нема други несакани ефекти освен зголемување на енергијата.

Првите резултати се видливи по една или две недели, по што се препорачува тест на крвта за да се знае дали да се зголеми дневниот внес или да се остане на истото ниво.

Рускиот еликсир се состои од мед, ореви, суво грозје, моркови, цвекло и лимон.

Мед

Медот содржи витамин А, витамини Б2, Б3, Б5, витамин Ц и рутен, што е особено корисно за крвните садови. Медот содржи и многу минерали – калциум, магнезиум, калиум, железо, бакар, јод и цинк. Ако медот содржи и полен, тој содржи и значителна количина протеини.

Ореви

Познати се и како прочистувачи на крвта, а исто така се добри и за лекување на белодробни заболувања, катар на цревата, зајакнување на мускулите и видот. Јадрото содржи 65% масло, протеини, јаглехидрати, фосфор, калиум, магнезиум, витамини Б и Ц и железо. Затоа е исклучителен детоксикант, секретолитик, лаксатив, антидијабетик.

Лимон

Лимонот е исклучително богат со витамин Ц, кој го подобрува крвниот притисок и го намалува воспалението на артериите. Покрај тоа, лимонот го намалува нивото на холестерол во крвта и спречува оксидативно оштетување на крвотокот, заштитувајќи ги артериите. Познат е не само по високата содржина на витамин Ц, туку и по тоа што содржи други антиоксиданти и хранливи материи како витамин Б-комплекс, витамин Е и многу минерали, калиум, магнезиум, фосфор, бакар, калциум, цинк, манган и железо.

Моркови

Морковте содржат 7 до 15 проценти едноставни јаглехидрати, протеини, пектин, флавоноиди, вреден комплекс на минерални соли и витамини. Според количината на каротин, која се претвора во витамин А во организмот, морковот го надминува скоро целиот зеленчук и овошје.
Покрај тоа, овој корен се одликува со својата висока содржина на витамин ПП, содржи комплекс на витамини од групата Б и аскорбинска киселина. Црвено-портокаловиот морков е побогат со витамини од другите видови и утврдено е дека најголемата количина се наоѓа во надворешните слоеви на корените.

Цвекло

Скоро и да нема минерал што не го содржи цвеклото. Концентрацијата на минерални материи во свежото цвекло е 627,3 mg / 100 грама и се состои од: железо, калиум, калциум, натриум, фосфор, магнезиум, манган, јод, бакар, флуор, сулфур, бром, литиум и стронциум. Од витамини, најприсутни се витамин Ц, витамин Б1 и Б2, како и витамин кој многу ретко може да се најде во растителната храна, а тоа е Б12.

Суво грозје

Редовната потрошувачка на суво грозје е поврзана со намалување на високиот крвен притисок. Многу хранливи материи од сувото грозје се одговорни за тоа, но најсилниот ефект се припишува на високото ниво на калиум – 100 грама суво грозје содржат дури 749 милиграми калиум. Калиумот е минерал за кој е докажано дека ја намалува напнатоста на крвните садови и крвниот притисок. Тој го регулира шеќерот во крвта, ги намалува ненадејните скокови на инсулин по оброкот, што може да биде опасно за дијабетичарите.

Состојки за подготовка на елисксирот:

200 милилитри ливадски или багремов мед
200 грама ореви
200 грама суво грозје
200 милилитри сок од морков
200 милилитри сок од цвекло
2 лимони

Приготвување:

Измијте ги лимоните, па пресечете ги на половини и извадете ги семките. Смелете ги заедно со кора и ставете ги во стаклена тегла со волумен од литар.

Во мешавината од мелен лимон додадете мед, исцеден сок од цвекло и морков. Потоа измешајте сè добро и протресете. Додадете ситно сечкани или мелени ореви и суво грозје и повторно промешајте сè. Ќе добиете околу 1 килограм вкусна и многу здрава мешавина.

Чувајте ја во стаклена тегла во фрижидер. Земајте 1 лажичка три пати на ден пред јадење.

Фото: Pixabay