Како да ги трансформирате обичните моркови во превкусен оброк?

За да ги трансформирате обичните моркови во најдобро јадење, потребни ви се само четири состојки: екстра девствено маслиново масло, лут сос, јаворов сируп или мед и сол.

0
245

Морковот е неизбежен дел од нашите фрижидери. Но, тие се ретко ѕвезди на кулинарските комбинации. Овој рецепт ќе му даде шанса на овој коренест зеленчук конечно да блесне.

За да ги трансформирате обичните моркови во најдобро јадење, потребни ви се само четири состојки: екстра девствено маслиново масло, лут сос, јаворов сируп или мед и сол.

Состојки:

8 моркови
2 лажици екстра девствено маслиново масло
2 лажици јаворов сируп (или мед)
1 лажица чили сос
сол по желба

Приготвување:

1. Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови.

2. Излупете ги морковите, исечете ги на помали парчиња и ставете ги во садот за печење.
3. Истурете врз морковите смеса од маслиново масло, јаворов сируп, чили и сол. Состојките добро втријте ги во морковите.

4. Печете ги во рерна околу 30 минути, или додека не омекнат и не добијат убава боја.

Фото: Unsplash