Колку е важен витаминот Ф за нашиот организам?

Кај дијабетичарите, овој витамин го намалува ризикот од оштетување на кардиоваскуларниот систем и спречува очни болести, спречува таложење на холестеролот во артериите и го зајакнува имунитетот. Ги ублажува менструалните болки, а се применува и во терапијата на стерилитет.

0
345

Витаминот Ф е важен за метаболизмот, спречува таложење на холестерол во артериите и го зајакнува имунитетот.
Помага и во намалување на телесната маса такашто ги согорува заситените маснотии. Кај дијабетичари, овој витамин го намалува ризикот од оштетување на кардиоваскуларниот систем и спречува очни болести. Ги ублажува менструалните болки, а се применува и во терапијата на стерилитет кај двата пола, особено кај мажите.

Недостатокот на витамин Ф различно се манифестира кај децата и кај возрасните. Најмладите постојано чувствуваат жед, имаат хронични инфекции, синузитис, чести кивавици, алергии на кожата, егзема или проблеми со дишните органи, па дури и астма. Кај возрасните, првиот симптом е многу сува кожа, прво на стапалата, потоа на нозете и, конечно, по целото тело.

Перутањето што се гледа при вадењето чорапи е исто така прекумерно. Исто така, недостатокот на витамин Ф може да предизвика развој на атеросклероза и артериосклероза, тромбоза и може да доведе до миокарден инфаркт, замастен црн дроб, запек или дијареја и намалување на отпорноста на телото кон вируси и бактерии.

За да ги задоволите вашите дневни потреби за овој витамин, вклучете во исхраната ладно цедено сончогледово масло (две и пол лажици), кое е исклучително богато со оваа важна состојка.

Истиот ефект може да го постигнете со конзумирање на шест лажици сончогледово семе. Сусамот, кикириките, ленот и афионот се исто така богати со витамин Ф.

Најдобро се апсорбира во комбинација со витамин Е.

Фото: Pixabay