Дали користите дрвена или пластична даска за сечкање?

Изборот помеѓу пластична и дрвена даска за сечење зависи од тоа што ќе сечете

0
351

Иако изборот на пластична или на дрвена даска за сечење зависи од тоа што ќе сечете на неа, не постојат точно пропишани правила дека месо се сече на пластични даски и дека главно се користат ножеви со запци, а дека зеленчук се сече на дрвени даски со поголеми ножеви. Оваа вообичаена практика е првенствено од практични причини.

Дрвените даски се одлични за сечење зеленчук. Не се препорачува да се сече пилешко на такви даски, бидејќи делови од месото се зачувуваат во малите пукнатини на даската и тешко се мијат. Бидејќи е полесно да се одржува и да се чисти, пластичната даска е попрактична за сечење месо. Исто така, пластичните даски не апсорбираат мириси така лесно, па на неа сечкајте и кромид и лук.

Користете дрвена даска за да исечете тврд зеленчук, како што се моркови, компири или ротквица. Цврстата основа ќе ви помогне поправилно да ги исечкате намирниците.

Многу е важно често да се чистат даските за сечење, без оглед на тоа што сте сечкале на нив, како и да се користат остри ножеви. На тој начин, нема да имате проблеми со заостаната храна на даските, а намирниците ќе бидат подобро исечени.

Фото: Pixabay