Јачменот стана многу популарна житарка за појадок. Најновите истражувања покажале дека зрната јачмен имаат многу здравствени придобивки за човечкото тело. Особено ако пиеме јачменова вода.
Овој рецепт за домашна вода од јачмен е сосема природен и без шеќер – можете да го пиете без никакви несакани ефекти, освен доколку не сте интолерантни на глутен.
Состојки:
шолјичка јачмен
1 л вода
цедилка
Приготвување:
Прво, исплакнете го јачменот под млаз вода па ставете го во половина литар вода и оставете го да стои четири часа или преку ноќ. Потоа исцедете го. Во натопениот јачмен додадете три до четири чаши вода и ставете го на шпоретот да се вари 40-60 минути или додека зрната јачмен не се сварат целосно. Потоа тргнете го од шпоретот и оставете го да се излади на собна температура. Исцедете ги зрната јачмен од водата. Користете ја оваа јачменска вода во кој било од наведените рецепти. Може да се чува во фрижидер до три дена.
За слабеење
Состојки:
2 лажици семе од јачмен
половина лажичка сок од лимон
малку сол
половина лажичка мед
2 литри вода
Приготвување:
Прво, исплакнете го јачменот со обична вода. Потоа ставето го во два литра вода и варете околу 30-45 минути.
Тргнете од оган, исцедете ја јачменовата вода и оставете да излади. За да го подобрите вкусот, додадете сок од лимон, сол и мед во чаша јачменова вода.
Добро промешајте и пијте три до четири пати на ден. Овој процес мора да се практикува редовно, три до четири пати на ден, најмалку еден месец, со цел да се намали телесната тежина.
За снижување на холестеролот
За да го намалите холестеролот, пијте најмалку 4-5 чаши јачменова вода во текот на денот.
За подобро варење
Пијте многу јачменова вода пред јадење. Овој процес треба да се повторува во текот на денот за да се одржи здрав дигестивен систем и подобра апсорпција на храната.
За инфекции на уринарниот тракт
Пијте најмалку пет до шест чаши јачменова вода дневно.
За анемија
Пијте чаша јачменова вода еднаш дневно, редовно, најмалку еден месец за лекување и спречување на анемија.
За бубрежни камења
Пијте редовно вода од јачмен и спречувајте појава на камења во бубрезите.
Состојки:
чаша јачменова вода
лажичка сок од лимон
лажичка мед
Приготвување:
Земете чаша јачменова вода и додадете сок од лимон. Потоа додадете мед и добро промешајте. Пијте ја оваа јачменова вода со сок од лимон и мед во текот на целиот ден.
Постапката мора да се повторува редовно пет до шест пати на ден, сè додека не исчезнат камењата во бубрезите.
За здраво срце
За да ја подобрите работата на срцето и да избегнете компликации, пијте една чаша јачменова вода секој ден.
За камења во жолчката
Пиење една чаша јачменова вода на ден е корисно за да се спречи формирање на жолчни камења.
Важни совети:
Не пијте повеќе од шест чаши јачменова вода како диуретик.
Луѓето нетолерантни на глутен мора да избегнуваат јачменова вода затоа што содржи глутен.
Избегнувајте консумирање вода од јачмен пред операција, за да избегнете какви било хируршки компликации бидејќи може да го намали нивото на гликоза во крвта.