Пролетна тинктура против холестерол

Мечкин лук, див лук или сремуш, освен за срцето, е добар и за респираторниот тракт, кожата, како и за детоксикација

0
505

Крајот на март и април се месеци на мечкин лук, див лук или сремуш, кој го нарекуваат и „убиец на отрови“. Ретки се билките кои така добро го чистат дигестивниот систем и крвта, како сремушот, поради што треба да се јаде што е можно почесто. На пролет, тој е најефикасен, тој е совршен чистач на крвта, жолчката и црниот дроб од токсините што се насобрале во организмот во текот на зимата.

За детоксикација

Консумирањето на свеж див лук има корисен ефект врз паразитите во цревата, ги штити цревата од иритација. Ефикасен е и за чистење на организмот од токсини. Ги чисти црниот дроб, бубрезите, цревата и жолчното кесе.

За респираторните органи

Помага при лекување на бронхитис, ги чисти дишните патишта, го олеснува дишењето и ја намалува кашлицата.

Сремушот е добар за чир на желудник и гастритис

Консумирање на сремуш им се препорачува на луѓе кои имаат проблем со стомакот. Има смирувачко дејство на иритираниот стомак и ја смирува болката предизвикана од чир.

Ефикасен е и за проблеми со срцето

Ова растение има способност да ги шири крвните садови, поточно ги прави еластични, што позитивно влијае на функционирањето на срцето. Спречува срцев удар, бидејќи го штити срцето со зајакнување и подмладување на срцевото мускулно ткиво.

Одличен е за кожата

Во форма на бања, сремушот е идеален за сите оние кои страдаат од проблематична кожа, воспалителни процеси на кожата, иритација на кожата, егзема и дерматитис.

Тинктура против хипертензија и холестерол

Тинктурата се подготвува со чистење на 250 грама луковици, и нивно ставање една по една во стаклено шише, во кое претходно се става три до четири прста ракија комовица, јака 40 степени. Патем луковиците треба да се гмечат со дрвен толчник, а потоа добиената каша се пренесува во шише со темно стакло, во кое се долева остатокот од ракијата до еден литар.
Треба да остане доволно простор во шишето за повремено протресување и мешање со стапче. По 14 дена на собна температура, процесот е завршен и потоа содржината треба да се филтрира преку газа, по можност да се чува во фрижидер во затворено шише. Се препорачува да се земе една кафена лажичка, 10 до 20 капки тинктура наутро и навечер, измешана со половина чаша млеко или јогурт. Ако се зема со млеко, тоа не смее да биде топло.

Фото: Pixabay