Состојки:
500 г цвекло
500 г зелка
4 компири
4 моркови
3 литри вода или супа од коцка
400 г излупени домати или од конзерва
3-4 лажици концентрат од домати
3 главици кромид
3 чешниња лук
Лимон
Копар
Путер или зејтин
За послужување: кисела павлака, лимон и копар
Приготвување:
- Излупете ги цвеклото, компирите, морковите и кромидот. Ставете вода на средна температура во големо тенџере
- Преполовете ги кромидот и зелката и исечкајте ги на тенки стапчиња. Во поголема тава загрејте го путерот, додадете ги зелката и кромидот, посолете и пропржете. Потоа намалете ја температурата и динстајте 5-10 минути. Префрлете во тенџерето со вода.
- Растопете малку путер во тава и пропржете ги морковите исечени на тркалца со 1 лажичка шеќер па додадете ги и нив во тенџерето.
- Цвеклото исечете го на стапчиња или изрендајте го, пропржете го ,кратко и додадете ги и него во тенџерето.
- Компирите исечете ги на четири парчиња и ставете ги во тенџерето заедно со останатите состојки: доматите, концентратот, лукот, 1 лажичка исечкан копар, 1-2 лажици сок од лимон и варете на тивко околу 2 часа.
- Послужете со павлака во која ќе ставите копар и кришки лимон. Доколку не ставите компири, можете да го послужите со црно лепче.