Салата од јаболки, целер и ореви

Здрава и исклучително свежа салата од најздравите намирници која е очекувано и многу вкусна

0
338

Состојки:

1/4 шолја свеж сок од лимон

1/4 шолја Дижонски сенф

5 лажички мед

2/3 шолја маслиново масло

1 целер, од тврдите делови на стапчињата и ливчиња

2 јаболки

3/4 шолја сечкани и потпечени оревчиња

Сол и бибер

Приготвување:

  1. Помешајте ги првите три состојки, а потоа постепено додавајте од маслото и зачинете по вкус со сол и со бибер.
  2. Исечкајте ги ливчињата од целерот за да се наполни 1 шолја, а тврдите делови од гранчињата исечете ги на тенки парченца. Би било добро приготвениот прелив и целерот да се стават во покриен сад и во фрижидер еден ден претходно.
  3. Во сад за салата префрлете го целерот, додадете ги тенко исечените кришки јаболка, зачинете, прелијте со сосот и додадете од оревчињата.