Со цел имунитетот да биде силен, потребно е да се води грижа за доволен внес на витамини и минерали. Исто така, можеме да го зајакнеме имунитетот и организмот со домашни сокови. Најдовме рецепт за еден пијалок, кој освен што има корисен ефект врз организмот, има и одличен вкус.
За овој пијалок ќе ви требаат 4 состојки:
2 грејпфрути
3 портокали
2 лимони
мед
Подготовката е едноставна. Исцедете го овошјето и засладете го пијалокот со мед.
Зошто овој пијалок е добар:
Полн е со витамин Ц, кој е моќен сојузник на имунитетот. Исто така, содржи калиум, витамин А, витамин Б6, фолати и цинк, вредни хранливи состојки кои ќе му помогнат на организмот во борбата против вирусите и се важни сојузници дури и ако сакате да изгубите тежина.
Фото: Pexels