Мешавина од семиња за подобро готвење и подобро здравје

Комбинацијата од лен, сусам и семки од сончоглед е вистински погодок за вашето здравје, но и за повкусно готвење и подготвување здрави јадења.

0
192

Семето од лен содржи десетици хранливи материи: линолна (омега-6), олеинска (омега-9) и палмитинска масна киселина, а повеќе од половина од маснотиите содржани во ленот се омега-3. Исто така, постојат витамини Б1, Б2 и Ц, фитостероли и минерали калциум, селен, бакар, железо, цинк, натриум, магнезиум, фосфор и калиум, како и витамин Е и каротин. Половина од маснотиите се содржани во омега-3 масни киселини, што го прави лененото семе најбогат растителен извор на оваа масна киселина, побогато дури и од добро познатиот извор – рибиното масло.

Покрај горенаведеното, семето од лен е богато и со растворливи влакна и лигнин, што е исклучително важен антиоксиданс.

Семките од сончоглед се богати со витамини и минерали, особено витамини Е и Б1. Покрај подобрувањето на циркулацијата, тие му помагаат на целото тело – косата, очите, црниот дроб, коските и мускулите. Тие го намалуваат холестеролот и делуваат во превенција на карцином. Благодарение на антиоксидантните состојки ги олеснуваат воспаленијата. Во составот на маслата, кои се 50% од содржината на семето, доминираат полинезаситените масни киселини, особено линолна. Содржината на протеини е исто така значајна. Семките од сончоглед се одличен извор на витамини Е и Б1 и добар извор на манган, магнезиум, бакар, селен, витамин Б5, фолна киселина и прехранбени влакна.

Семето од сусам е многу добар извор на бакар и манган, а се издвојува и со содржината на магнезиум, калциум, железо, витамин Б1, цинк и диетални влакна. Семето на сусам содржи и две уникатни соединенија од групата лигнани: сесамин и сесамолин. Лигнаните се фитохемикалии кои имаат многу позитивни својства, вклучувајќи ја и можноста за намалување на холестеролот и крвниот притисок.

Сега кога ги пофаливме нутриционистички, овие три вида семе треба да се пофалат и во кулинарството. Имено, комбинацијата на овие три семиња совршено ќе се вклопи во разни јадења. Покрај тоа, мешавината од семе од сусам, лен и сончоглед го прави секое „обично“ јадење нутритивно (и вкусно) подобро.

Нивната примена во готвењето е скоро неограничена. Одлично одат со тестенини и ориз, па слободно посипете го веќе подготвеното јадење со малку од оваа мешавина. Лажица од оваа комбинација на семе може да се додаде и во вашите омилени житарки за појадок или со јогурт. Одлични се и во подготовка на вкусни зеленчукови бургери.

Фото: Pexels