Свежиот сок од целер и лимон има кисел вкус и е во состојба да го подобри здравјето на кожата поради богатството со витамин Ц. Оваа комбинација е еден од најдобрите природни антибиотици и средства за чистење на телото, кој исто така го намалува нивото на холестерол и триглицериди.
Целерот е богат со витамини А, Б (Б1, Б2 и Б6) и Ц и минерали кои ја подобруваат состојбата на целиот организам. Кога се користи во комбинација со лимон, успешно ги отстранува холестеролот и триглицеридите.
Состојки:
500 г свеж целер (плодот и листовите)
3 органски или добро измиени лимони (поради употребата на кората)
1 литар вода
Приготвување:
Измијте ги добро лимоните и исечете ги на парчиња. Излупете го целерот и ставете го во блендер со подготвениот лимон. Изблендираната смеса прелијте ја со зовриена вода, покријте ја и оставете ја до утредента.
Останува потоа да ја процедите смесата и да пиете по 500 мл, наутро и навечер пред јадење. Се разбира, за следниот ден треба да се подготви нова доза.
Совет: Целерот не се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со бубрезите. Во некои ситуации, постои можност за алергиска реакција кога се препорачува внесување на целер и лимон во мали количини.
Фото: Pixabay