Рогач или какао?

Рогачот има двојно поголема количина на калциум од какаото, не содржи соединенија кои предизвикуваат главоболки и мигрена, не содржи маснотии и кофеин. Одличен извор е на минерали и витамини и како и какаото, содржи полифеноли, антиоксиданти кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Ги намалува холестеролот и високиот притисок

0
738

Рогачот е најпознат во народот како слатка, но здрава замена за чоколадо, а неговите лековити својства биле познати и во античка Грција, кадешто рогачот се користел како лек 4000 години.

Интересен факт поврзан со рогачот доаѓа од 19. век и се однесува на вокалните изведувачи. Имено, британските хемичари им ги продавале мешунките рогач на пејачите затоа што оваа билка покажала одлични резултати кај воспалено грло.

Џвакањето мешунки од рогач значително придонесува за здравјето на гласните жици, а исто така многу ефикасно го смирува и чисти иритираното грло. Подолу ќе прочитате за повеќекратната употреба на рогачот денес и сите здравствени придобивки што ги нуди, како и паралелата со какаото, односно, предностите на рогачот во однос на какаото.

Секојдневната употреба на рогач во исхраната значително ја подобрува флората на цревата и влијае на слабеењето.

Како рогачот влијае на нашето здравје?

Поради сличниот вкус, луѓето обично го поистоветуваат рогачот со чоколадо. Сепак, рогачот е многу поздрав од чоколадото.

Рогач версус какао
Рогач:

Има двојно поголема количина на калциум од какаото;
Не содржи соединенија кои предизвикуваат главоболки и мигрена;
Не содржи маснотии и кофеин.

Какао:

Содржи оксална киселина што може да пречи во нормалната апсорпција на калциум;
Предизвикува мигрена кај многу луѓе;
Содржи повеќе натриум и масти.

Рогачот е одличен извор на минерали и витамини. Содржи витамини: А, Б2, Б3, Б6.
Од минерали содржи: Калциум, магнезиум, цинк, селен, калиум, манган.

Рогач во прав – хранливи вредности

Рогачот во прав или брашното од рогач е алтернатива за какао во прав. Има уникатен и сладок вкус. Често се користи како природен засладувач во пекарските печива. Рогачот во прав не содржи скоро никакви маснотии, што е многу добро ако сте на диета. Сепак, мора да имате предвид дека рогачот има повеќе шеќер и јаглехидрати отколку какаото во прав.

За лековитите својства на рогачот и зошто е добро да се воведе во исхраната?

Лековитите својства на ова растение се толку големи што навистина треба да размислите за неговата употреба, односно додавањето на ова растение во вашата исхрана бидејќи ви дава многу здравствени придобивки.

Бидејќи рогачот е природно богат со растителни влакна, како и фактот дека не содржи кофеин, тој е идеален за луѓе кои страдаат од висок крвен притисок.

Ниската содржина на шеќер и маснотии влијае на луѓето кои се обидуваат да изгубат неколку килограми, а обожаваат чоколадо, па затоа рогачот е вистинската работа за нив затоа што рогачот е, едноставно кажано, здраво чоколадо. Рогачот е исто така многу важен за луѓето на кои не им е дозволено да консумираат кофеин и шеќер поради кандида, хеликобактер пилори или цисти.

Се разбира, за секого може да биде добро да пие напиток од рогач наместо кафе или какао или барем да замени една шолја кафе или какао со шолја напиток од рогач. Рогачот е добар за здравјето на очите и кожата поради високото ниво на витамин А и витамин Б2 што ги содржи.

Со додавање на рогач во исхраната се намалува холестеролот, ризикот од срцеви заболувања, добар е при дијареа, а и за проблеми со стомакот.
Ги споменавме предностите на рогачот пред какаото, но тоа не значи дека какаото не е добро за вас, само треба да обрнете внимание на одредени детали и да утврдите дали во даден момент повеќе ќе ви одговара какао или рогач. Рогачот како и какаото содржи полифеноли, антиоксиданти кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.

Истражувањето, направено пред повеќе години, покажало дека рогачот влијае на намалување на високиот лош холестерол и дека влијае на луѓето со висок крвен притисок. Ако страдате од дијареја или имате проблеми со варењето на храната, добро ќе ви дојде напиток или колач со рогач. Рогачот успешно влијае на сузбивање на токсините и на растот на бактериите во цревата.

Рогачот е безбеден за употреба во исхраната, но може да предизвика алергиски реакции кај луѓе кои веќе се алергични на јаткасти плодови и мешунки. Од овие причини, треба да се биде внимателен, особено оние кои се алергични на споменатите намирници. Затоа, ако го користете ова растение за првпат, обидете се со помали количини. Несакани ефекти што се јавуваат ако се покаже дека некој е алергичен на рогач се црвенило и осип, отежнато дишење и треска.

Рогач дефинитивно се препорачува во умерени количини, особено за бремени жени затоа што може да доведе до несакано губење на тежината и намалување на нивото на шеќер во крвта.

Рогачот во исхраната и готвењето

Рогачот е здрава алтернатива на чоколадото и е омилен меѓу луѓето кои се нетолерантни на глутен, кои сакаат да ослабат или не треба да консумираат премногу шеќер. Рогачот и порано се користел како засладувач, денес таа улога и припаѓа на стевиата. Секој рецепт што содржи чоколадо и какао може да се модифицира со додавање на рогач наместо тоа. Можете да користите рогач во прав или трошки од рогач во кој било рецепт на истиот начин како што би користеле чоколадо или какао. На тој начин, ќе уживате во омилените слатки без грижа на совеста, бидејќи знаете дека имаат помалку калории, масти и шеќер.

Како да подготвите топол напиток од рогач?

4 дцл млеко по избор

4 лажици рогач во прав

1 лажица мед

1 лажица кокосово масло

Приготвување:

Ставете го млекото да се грее, па додадете го рогачот, медот и маслото и полека загревајте, но не дозволувајте да зоврие за да не ги изгуби лековитите и нутритивните својства на состојките.