Состојки:
1 чаша белки
1/2 чаша шеќер
1/2 чаша масло
1 чаша брашно
1 прашок за пециво
кора од лимон
1 рака сечкани ореви, суво грозје или брусница, чоколадни капки
Приготвување:
Белките се матат убаво, а потоа се додаваат останатите состојки, се мешаат и смесата се става во подмачкани калапчиња. Се печат на тивко, а вие за кратко имате експресен и вкусен десерт со крцкави оревчиња и арома на лимон.