Која е најважната житарка на светот?

Со илјадници години, човештвото ужива во придобивките од оризот. Денес се познати повеќе од 2.500 сорти и секоја од нив има свои уникатни квалитети. Дали сте чуле за див ориз?

0
783

Оризот е главната храна на повеќе од половина од светската популација. Варен во млеко, тој е омилен специјалитет кај постарите генерации. Лесно е да се подготви и е добредојден како гарнир со пилешка чорба, со морски плодови или со зеленчук пржен во вок.

Оризот се одгледува повеќе од 5.000 години. Потекнува од Индија и се верува дека во Европа го донел Александар Македонски. Денес се познати повеќе од 2.500 негови сорти, кои се поделени во три групи според формата: ориз со долги, со средно долги и со тркалезни зрна.

Првиот е најпопуларен во националните кујни на Западот, а вториот во некои области на Азија. Ориз со тркалезни зрна, кои се лепат едно за друго за време на готвењето, е омилен во Кина и Јапонија, кадешто стапчињата се користат како прибор за јадење. Фактот дека просечен жител на Бангладеш, Лаос, Виетнам и Индонезија јаде меѓу 130 и 180 кг од оваа житарица годишно звучи скоро нереално.

Нутриционистички состав на оризот

Иако оризот е првенствено извор на скроб (енергија), не е занемарлива ниту неговата содржина на протеини. Покрај тоа, квалитетот на овие протеини е повисок од оние во пченицата и пченката.

Што се однесува до содржината на хранливи материи, поделбата е на кафеав, parboiled и бел ориз. Кафеавиот ориз е, се разбира, нутритивно најбогат. Содржи дури и двојно повеќе витамин Б од белиот ориз. Вториот вид на ориз сè уште не се вкорени во нашата земја. Штета, затоа што е подобар од белиот. Имено, овој ориз пред лупењето се натопува и термички се третира со пареа, што значително ги зачувува витамините од групата Б, минералите и аминокиселините кои со овој процес од лушпата преоѓааат во јадрото.

Содржината на маснотии и натриум во оризот е занемарлива и не содржи холестерол. Ако страдате од висок крвен притисок или сакате да го одржувате дневниот внес на енергија под контрола, оризот може да биде почесто на вашата трпеза.

Во гастрономијата и индустријата

Арборио е ориз со тркалезни зрна благодарен за подготовка на рижото и паелја. Басамати се одгледува и често се јаде во Индија и Пакистан, додека Јасмин се поврзува со тајландската кујна.

Поради фактот што не содржи глутен и алергени, оризот како суровина зазема сè поважно место во прехранбената индустрија. Се цени во производството на храна за бебиња, закуски, готови житарки за појадок и слично. Покрај тоа, неговиот скроб е состојка во растворите за рехидратација на децата кои се опоравуваат од дијареја.

Див ориз

Иако неговото име сугерира поинаку, дивиот ориз не е ориз. Во суштина тоа е трева што расте во плитките мочуришта и езера на Северна Америка. Со илјадници години, тој бил едно од главните јадења на домородците.

Интересен е неговиот нутриционистички состав, каде покрај јаглехидратите, влакната се издвојуваат со повеќе од 5, а протеините со дури 10 до 18%. Истражувањата покажаа дека честото присуство на див ориз во исхраната помага во намалувањето на мастите во крвта и холестеролот и го намалува ризикот од атеросклеротични промени во внатрешноста на крвните садови. Исто така, содржи минерали (калциум, железо, магнезиум, калиум, цинк и други), витамини (Е, Б1, Б2, Б3) и фитостероли со антиоксидантна активност. Покрај тоа, цинкот е повисок во дивиот ориз отколку во пченицата, пченката и овесот, а фитостеролите се 2,6 пати повисоки отколку кај кафеавиот ориз и пченицата и оризовите трици.
Во последниве години, дивиот ориз се користи во прехранбената индустрија како извор на природни антиоксиданти кои спречуваат расипување на маста и ужегнување на прехранбените производи.

Долгозрнестиот ориз има најнизок гликемиски индекс во споредба со оној кој има пократко зрно. Ова значи дека побавно се претвора во шеќер, ослободувајќи постојана енергија во крвотокот, а тоа значи дека ќе ве држи сити подолго време. Ако треба да јадете бел ориз, употребете долгозрнест или басамати.

Кај нас најчесто се употребува белиот ориз, но, најздравата опција е кафеавиот ориз. Кафеавиот ориз има трипати повеќе влакна, калциум, фосфор и витамин Е од белиот ориз. Поради високата содржина на влакна (кои ја намалуваат апсорпцијата на шеќер во телото) тој се препорачува за дијабетичарите. Се верува дека маслото во зрното го намалува нивото на холестерол.

Други видови на здрав ориз:

Бутански црвен ориз

Овој ориз има вкус на орев, со слатка нишка. Се одгледува во источните делови на Хималаите, а црвената боја доаѓа од минералите во почвата на која расте.

Кинески црн ориз

Овој ориз е уште наречен и забранет ориз, бидејќи изворно бил одгледуван само за кинеските цареви. Има виолетово-црна боја и јак мирис. Тој е одличен извор на железо.

Изникнат ориз

Компаниите почнаа да произведуваат никнат ориз, со што го започнуваат р’тењето на зрното. Овој процес го поттикнува растењето на растението, а со тоа се зголемува неговата хранлива вредност. Р’тењето на кафеавиот ориз придонесува за зголемување на нивото на гама-аминобиотичката киселина, состојка која го подобрува расположението и здравјето на срцето. Никнатата храна како оризот е полесна за варење и побрза за готвење.

Вехани ориз

Вехани е црвенкасто-кафеав, жилав, долгозрнест ориз со арома на пуканки. Неговиот вкус потсетува на кафеавиот басамати ориз. Како долгозрнест, вехани е доста хранлив со јаглехидрати кои придонесуваат за градење на цврсти мускули, посебно за оние кои вежбаат.

Кафеав килијара ориз

Ова е ситен ориз со вкус на орев. Неговите хранливи материи се многубројни, бидејќи има ниска гликемиска вредност.

Постојат неколку видови на храна кои според Ајурведата се добри за секого, преку целата година, а на таа листа се наоѓа оризот како број еден.

Фото: Freepik